Македонија ќе добие нов шампион во Купот, откако денес прилепска Победа ја елиминираше Шкендија, во полуфиналето се пласираа и Беласица, Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров.
Победа направи големо изненадување во Купот на Македонија откако во четвртфиналето ја елиминираше Шкендија која е актуелен освојувач на ова натпреварување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прилепчани славеа на првиот дуел во Тетово со 1:0, а денес во реваншот победија со 2:0 со головите на Макота.
Второто изненадување се случи на „Филип Втори“ каде Македонија ЃП и во реваншот го совлада Работнички со 1-0 со погодокот на Христијан Кировски кој донесе радост за гостите во 70-та минута.
Во Струмица Беласица по втор пат го совлада Силекс со 2-0 и се пласира во полуфиналето. Стрелци на головите за домашниот тим беа Милушев и Ѓорѓиев.
Последен патник во полуфиналето е Академија Пандев која денес убедливо го победи Кораби во Дебар со 5-1.