Дома Фудбал Останато Пирс Морган објасни зошто Роналдо имал предност во однос на Меси

Пирс Морган објасни зошто Роналдо имал предност во однос на Меси


Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓



Познатиот новинар Пирс Морган кој неодамна се прослави со интервјуто кое го направи со Кристијано Роналдо по кое беше јасно дека Португалецот си заминува од Манчестер Јунајтед.

Роналдо во тоа интервју зборуваше искрено за се што мисли за Манчестер Јунајтед, го критикуваше Тен Хаг и целиот клуб, па беше јасно дека нема намера да остане. Набрзо клубот по интервјуто му го раскина договорот.

Подоцна се покажа дека Роналдо не само што го напушта Манчестер Јунајтед, туку замина од Европа. Во залезот на кариерата Роналдо го носи дресот на Ал Наср од Саудиска Арабија каде што потпиша договор вреден 200 милиони евра по сезона.

Сега Морган истакнува дека благодарение на тоа интервју Роналдо го потпишал најбогатит договор на еден спортист и тоа на 37 години.

„Благодарение на нашето интервју, Роналдо го потпиша најбогатиот договор на еден спортист и тоа на 37 години. За мене тој е во предност во однос на Меси затоа што сака предизвици да се пробува во различни првенства“, изјави Морган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бурно било во Рим по дербито: Мурињо и Лотито влегле во дуел!

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓ Тензично беше вчера во римск…