Дома Трансфер зона Пирло ја избра новата „деветка“: Го сака Џеко по секоја цена

Пирло ја избра новата „деветка“: Го сака Џеко по секоја цена

Италијанските медиуми тврдат дека Андреа Пирло побарал да биде купен Един Џеко, тренерот на Јувентус верува дека Босанецот е идеален партнер за Кристијано Роналдо во нападот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јувентус е во потрага по класичен напаѓач бидејќи Гонзало Игуаин најверојатно ќе го напушти клубот и не се вклупува во плановите на Пирло.

Изминатите денови многу врвни напаѓачи се поврзуваа со трансфер во Торино, а сега е откриено дека најголема желба на Пирло е искусниот напаѓач на Рома, Един Џеко.

Поради неговата бек игра со грб кон голот би бил идеална поддршка за Кристиано Роналдо, тој е искусен, поседува завидна техника и работи напорно за тимот.

Газета наведува дека Џеко денес се враќа од одмор од Хрватска во Рим, по што ќе следуваат преговори за можно заминување.

Можен проблем може да биде висината на обештетувањето, бидејќи Јувентус не сака да плати повеќе од 15 милиони евра за 34-годишниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…