Дома Фудбал Италија Пирло се враќа во Јувентус

Пирло се враќа во Јувентус

Легендарниот италијански фудбалер, Андреа Пирло ќе се врати во Јувентус како тренер на тимот до 23 години од следната сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Легендата на италијнскиот фудбал стави крај на професионалната кариера во 2017 година после неговиот престој во Њујорк Сити.

Потоа Пирло се врати во Италија и реши да продолжи со тренерска кариера, па ги помина тренерските курсови во Коверчијано.

Италијанските медиуми тврдат дека „старата дама“ и 40-годишниот Пирло веќе постигнале договор, па тој следната сезона ќе го предводи младиот тим кој се натпреварува во Серија Ц.

Пирло поголемиот дел од кариерата го помина во дресот на Милан, а за Јувентус играше од 2011 до 2015 година каде освои четири титули во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ може да активира „бомба“ од 150 милиони евра!

Тимот на ПСЖ несомнено е најсилниот во Европа во изминатата година, имајќи предвид дека ст…