Француските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Ливерпул ова лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лион.
Станува збор за 20-годишниот Хусем Оар, талентиран играч за врска со огромен потенцијал, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оар е поливалентен офанзивен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции, а особено е ценет поради своите технички способности.
Оваа сезона блесна во дресот на Лион и одигра 37 меча во сите конкуренции, на кои постигна 9 гола и запиша 7 асистенции, а одлични настапи имаше и во Лигата на шампиони.
Цената на фудбалерот се движи околу 30 милиони евра, медиумите тврдат дека Јувентус е во пол-позиција бидејќи веќе стапил во контакт со неговиот агент.