Дома Фудбал Италија Пиоли: Ова е најсилниот Милан кој сум го тренирал

Пиоли: Ова е најсилниот Милан кој сум го тренирал

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли зборуваше за актуалната ситуација во клубот, кој после седум години се врати во Лигата на шампиони.

Пиоли тврди дека актуелниот состав на Милан е најсилен откако тој е на кормилото на „росонерите“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Милан е роден за да победува. Се разбира, за тоа треба време, но мојата амбиција и амбицијата на тимот е да победуваме. Знаеме колку е високо нивото во Италија и колку ќе биде тешко во ЛШ, но во исто време сме многу мотивирани. Овој тим на Милан е најсилниот кој сум го тренирал. Играчите многу напредуваа и сега сме свесни колку сме силни. Треба да мислиме дека можеме да победиме во секој меч и да напредуваме уште повеќе“, изјави Пиоли.

„Ибра е човек со огромен интелект и симпатија. Тој ни помогна да пораснеме многу и има уште работа за него во Милан.Тренира добро и наскоро ќе се врати на терените. Тој и Жиру можат да играат заедно бидејќи се двајца големи играчи и шампиони“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ваква сцена не се памети: 50.000 навивачи натераа Нагелсман да внесе во игра еден човек!

Во пријателски натпревар, Германија ја совлада Гана со резултат од 2:1, а победата за Герм…