Дома Фудбал Италија Пиоли: Интер на лето ќе донесе големи ѕвезди!

Пиоли: Интер на лето ќе донесе големи ѕвезди!

Тренерот на Интер, Стефано Пиоли верува дека екипата може да обезбеди враќање во Лигата на шампиони по шест години и ги предупреди ривалите дека ќе имаат многу амбиции од следната сезона.

Интер во 17 кола во италијанската Серија А заостанува седум бодови зад третопласираниот Наполи, меѓутоа Пиоли смета дека разликата може да се анулира и неговиот тим да обезбеди пласман во ЛШ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Лига на шампиони? Поради таа дел и дојдов, верувам дека можеме. Имаме квалитет, но и простор за голем напредок. Хандановиќ, Икарди и Миранда се лидери на тимот, а добив ветување од Сунинг дека на лето ќе донесеме големи засилувања за напад на трофејот“, истакна Пиоли за „Газета дело Спорт“.

Со доаѓањето на Пиоли се промени и формата на „нероаѕурите“ кои запишаа три победи со ред во првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Доколку не издржи Аморим: Јунајтед подготви сензација и тоа од клупата на ривалот?!

Рубен Амoрим сè уште ја има довербата од управата на Манчестер Јунајтед, но далеку е тоа о…