СТЕФАНО ПИОЛИ ќе биде тренер на Милан само до крајот на сезоната, по што ќе добие отказ, пишуваат италијанските медиуми.
Тоа ќе биде крај на петгодишната соработка која на Милан му ја донесе првата титула на италијански шампион во 2022 година по 11 години. На Сан Сиро веќе размислуваат кој ќе биде нов тренер, а моментално се издвојуваат пет кандидати.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според Газета дело Спорт, првите два фаворити се Пауло Фонсека и Хулен Лопетеги.
Фонсека е 51-годишен Португалец кој моментално раководи со Лил, а две години работеше во Италија како тренер на Рома. Лопетеги (57) оваа сезона е без работа откако се раздели со Волвс, додека е најпознат по тоа што раководеше со Шпанија и Реал Мадрид.
Како резервни опции се споменуваат Кристоф Галтиер, поранешниот тренер на ПСЖ кој сега го води катарскиот Ал-Духаил и Марсело Гаљардо, долгогодишниот тренер на Ривер Плата, кој моментално го тренира саудискиот Ал-Итихад.
Во потрагата по нов тренер се приклучи и клупскиот советник Златан Ибрахимовиќ, а Тутоспорт пишува дека тој на управата го предложил Марко ван Бомел. Ван Бомел е актуелен тренер на Антверпен, со кој беше и шампион на Белгија, а во Милан играше во сезоната 2011/12 кога му беше соиграч на Ибрахимовиќ.