Дома Трансфер зона Пике ги шокирал Чави и Лапорта: Сака да ја заврши кариерата!?

Пике ги шокирал Чави и Лапорта: Сака да ја заврши кариерата!?

Барселона оваа сезона поминува низ многу проблеми и јасно е дека се потребни големи промени во каталонскиот клуб.

Финансиската криза се одрази и на резултатите, Барселона сезонава игра очајно, веќе испаднаа од Лигата на шампионите, а во Ла Лига се на осмата позиција. Чави успеа да донесе малку свежина, но јасно е дека се потребни големи во играчкиот кадар на тимот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Од поодамна се шпекулира за тоа кои играчи се на трансфер листата и помалку или повеќе тоа се познати имиња кои клубот ќе се обиде да ги продаде. Меѓутоа сега шпанските медиуми пренесуваат дека Чави и Лапорта добиле неочекувани вести од Жерар Пике. Еден од најискусните играчи на Барселона ги изненадил со одлуката да ја заврши кариерата на крајот од сезоната, но додал дека е спремен да одигра уште една сезона ако клубот тоа го бара од него.

Пике има договор со Барселона до летото 2024 година, меѓутоа изгледа сака да се посвети на други работи во животот и спремен е да се прости од професионалното играње фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул го сака дефанзивецот на Јувентус

Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, пренесуваат ме…