Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике нема намера во иднина да игра за некој друг клуб.
Овој 34 годишен дефанзивец најголем дел од кариерата помина на „Камп Ноу“. Започна во познатата Ла Масија, но како 17 годишник премина во Манчестер Јунајтед каде што се задржа четири години.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Играше кратко во Реал Сарагоса како позајмен играч во Јунајтед, а враќање на „Камп Ноу“ следуваше во 2018 година и од тој момент Пике е неизоставен член на екипата на Барселона.
„Ако утре Куман ми каже дека не му требам ќе ја завршам кариерата. Нема да играм за друг клуб после Барселона“, порача Пике.