Ретко кој можеше да поверува дека Швајцарија може да направи сензација и да ги елиминира светските шампиони.
Франција важеше за најголем фаворит на турнирот, но вчера после пенал рулетот Швајцарците ги елиминираа и тоа откако претходно се вратија од 1:3.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Секако кај селекторот Владими Петковиќ има огромно задоволство.
„Горд сум на ова што го постигнавме. Немаме време да славиме затоа што доаѓа четвртфиналето. Мораме брзо да го заборавиме овој натпревар и да играме како досега. Од утре започнуваме да мислиме и да се спремаме за Шпанија“, изјави Петковиќ.
Швајцарија прв и последен пат четвртфинале играла на Светското првенство во Шведска во 1954 година.