Дома Фудбал Италија Перез се налути: Реал го тужи Интер за „случајот Модриќ“

Перез се налути: Реал го тужи Интер за „случајот Модриќ“

Лука Модриќ после синоќешниот состанок со Флорентино Перез дефинитивно останува во Реал Мадрид, иако долго време се поврзуваше со трансфер во Интер.

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Реал Мадрид е лут и дека го приjавил Интер во ФИФА бидејќи „нероаѕурите“ без дозвола разговарале со Лука Модриќ.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Имено, „нераѕурите“ не испратиле понуда за Модриќ, туку директно го контактирале неговиот агент без знаење на Реал Мадрид.

Тоа според правилниците на ФИФА е недозволиво и казниво. Односно, дозволено е да се преговара со играчот кога има само помалку од една година од својот договор со актуелниот клуб. Кај Модриќ тоа не е случај, зашто има договор до 2020. година.

Според пишувањата на „Марка“, првиот човек на Реал исто така е бесен на начинот на кој Интер се однесувал и тоа што му работел зад грб, па решил да го пријави италијанскиот клуб во ФИФА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус се враќа кон својата стара трансферна цел од Манчестер Јунајтед

Јувентус го обнови интересот за крилото на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, соопшти „Скај…