Реал Мадрид на чело со Флорентино Перез важи за клуб кој може да си ги дозвли и најскапите фудбалери во фудбалот.
Вложувањето на „кралевите“ и тоа како им се исплати, а денес во шпанските медиуми за успехот на гигантот од Мадрид зборуваше првиот човек на клубот Флорентино Перез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Перез на својот екипата гледа како на тим кој соништата ги претвора во реалност.
„Клубот со победата против Јувентус во минатогодишното финале во Лигата на шампионите испиша историја. Ниту еден клуб ова натпреварување не го освоил две години во низа. Во последната година Зидан заслужено беше избран за најдобар тренер, како и Роналдо „Златната топка“. Петмина наши фудбалери беа дел од идеалниот тим на ФИФА и оваа година навистина е тешко да повториме такво нешто. Нашиот клуб е како фабрика која соништата ги претвора во реалност“, изјави Перез за шпанските медиуми.