Дома Фудбал Перез: Можам да се заколнам дека не го прочитав писмото на Зидан

Перез: Можам да се заколнам дека не го прочитав писмото на Зидан

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез даде опширно интервју за шпанските медиуми во кое зборуваше за Зинедин Зидан.

Зидан го напушти Реал на крајот на сезоната и се прости со писмо во кое го нападна раководството на „кралскиот“ клуб.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Перез се заколна дека не го прочитал тоа писмо бидејќи е убеден дека не го пишувал лично Зидан.

„Добро го познавам Зидан и знам дека ова беше тешка година за него. Јас сакав да остане, не го прочитав неговото писмо, би се заколнал во внуците. Знам дека човекот кој го напиша тоа не е Зидан“, вели Перез.

„Му посакувам се најдобро, тој е легенда на Реал и ја има нашата почит за се што направи за клубот. Се воодушевивме од Анчелоти и новото поглавије на клубот. Од самиот почеток мислевме дека Анчелоти ќе биде правото решение и ете тука е. Не разговарав ни со Покетино, ни со Алегри, ниту со Конте“, додаде Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одлична вест за Милан пред клучниот натпревар во Неапол

Во понеделник од 20.45 часот на „Марадона“ ќе се игра големото дерби од 31. коло на Серија…