Дома Фудбал Останато Перез донел одлука кој ќе биде тренер на Реал ако Зидан замине?

Перез донел одлука кој ќе биде тренер на Реал ако Зидан замине?

Шпанските медиуми објавија денес дека Зинедин Зидан на крајот од сезоната би можел да го напушти Реал Мадрид.

Зидан се прослави на клупата на „кралевите“ откако во 2016 година седна на тренерското столче. Со Реал Зидан успеа да освои три титули во низа во Лигата на шампионите, нешто што претходно не му успеало на никој друг.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


После третата титула во Лигата на шампионите Зидан го напушти Реал, но се врати после само половина година. Меѓутоа шпанските медиуми пишуваат дека размислува на крајот од сезоната да си замине.

48 годишниот стратег сака нов предизвик во својата кариера и постои шанса после Европското првенство да биде избран за нов селектор на Франција што е негова голема желба.

Зидан со Реал има договор до летото 2022 година, но клубот наводно нема да му прави проблем ако сака да замине. Флорентино Перез го очекува огромна работа ова лето бидејќи мора да се посвети на играчкиот кадар и од поодамна најави дека ќе направи промени и ќе им се заблагодари на некои фудбалери.

Но, сега мора да мисли и на тоа кој ќе биде нов тренер на Реал ако Зидан навистина одлучил да замине.

„Марка“ пишува дека Перез веќе има идеја. Според информациите на овој медиум наследник на Зидан може да биде легендарниот напаѓач на Реал, Раул Гонзалес. Имиња со кои во втор план се поврзува Реал се уште Алегри и Јоаким Лев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблем за Реал, заврши сезоната за Карвахал

Реал Мадрид скапо ја плати победата над Виљареал од 2-0, откако во самиот финиш од мечот т…