Дома Трансфер зона Перез веќе има мета: За наследник на Бензема тргнува во (не)возможна мисија?

Перез веќе има мета: За наследник на Бензема тргнува во (не)возможна мисија?

Карим Бензема сосема заслужено ја доби наградата за најдобар играч за минатата сезона, меѓутоа напаѓачот го „стигнуваат“ и годините.

Французинот ја освои Златната топка на 34 години, но јасно е дека Флорентино Перез веќе размислува за следната „деветка“ на Реал Мадрид. Бензема на почетокот од оваа сезона се мачи со повреди, одигра само пет натпревари во Ла Лига со одличен учинок од пет гола и една асистенција. Напаѓачот го чека и Мундијалот во Катар, францускиот селектор Дешам сериозно смета на него.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Англиските и шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид ќе се обиде да го доведе Габриел Жесус во текот на следното лето.

Жесус целосно се адаптираше во Арсенал, тој конечно игра како вистинска деветка, што не беше случај во Сити. Бразилецот има пет гола и седум асистенции на 12 натпревари во ПЛ. Јасно е дека Реал за него би требало скапо да плати.

Договорот му истекува во 2027 година, пристигна од „Етихад“ за сума од 55 милиони евра, Арсенал тешко би се согласил да го продаде, па така само „безобразно“ висока понуда би можела да ги продмисли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите се „тепаат“ за голгетерот на Спортинг

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лига…