Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез беше исклучително задоволен од триумфот на неговиот тим над Ајнтрахт од 2-0 во финалето на Суперкупот на Европа.
„Имавме добра сезона и овој Суперкуп не израдува многу. Прво треба да се заслужи да се биде дел од овој меч, а потоа да се победи. Имаме одличен тим, што е резултат на многу напорна работа на сите во клубот. Анчелоти одлично го води тимот, тој е многу важен дел од нашиот успех и новата сезона ја започнуваме со оптимизам“, изјави Перез.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Перез потоа проговори за Барселона и е среќен што наголниот ривал се враќа на голема врата.
„Барселона? Има сезони во кои секој тим прави подобро или полошо, но Барса е еден од најважните клубови во светот и важно е да се врати на своето ниво, што ќе биде добро за сите, за целиот светски фудбал“, изјави Перез.