Според пишувањето на медиумите на Островот, Пеп Гвардиола и Манчестер Сити подготвуваат вистинска трансфер бомба и тоа од Реал Мадрид.
Се поизвесно станува дека ова лето најголемото засилување за Манчестер Сити ќе биде офанзивец. Играч кој не е класичен напаѓач, но не е и класичен играч за врска. Последните информации говорат дека Пеп е спремен да го доведе – Иско!
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не е тајна дека Гвардиола е фан на квалитетите на мајсторот на Реал, се обидуваше да го доведе и во текот на летото, но тогаш ниту Реал, ниту Иско не беа заинтересирани да преговраат.
Иско на чекор од Манчестер Сити беше пред пет години, тогаш тренер на „граѓаните“ бече човекот кој го лансираше, Мануел Пелегрини. Сега приказната е повторно актуелна.
Гвардиола смета дека му е потребен технички доминантен играч во нападот и поради тоа бара засилување на таа позиција. Убеден е дек Иско е подобра опција од Ријад Марез.
Шпанецот во Реал игра променливо некогаш е најдобар на теренот, некогаш не се гледа. Неговиот однос со Зидан е напнат уште од самиот почеток бидејќи Французинот често пати го оставаше на клупата за резерви.
Флорентино Перез пак има цврст став дека Иско не е на продажба, тој во својот договор има клазула од 700 милиони евра. Манчестер Сити е спремен да понуди најмногу 100.