Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола пронајде ново засилување.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, на „Етихад“ во јануари би можело да пристигне дефанзивецот на Бетис, Жуниор Фирпо. Овој 22-годишен фудбалер игра одлично во тимот од Севиља, откако шанса за игра доби во минатата сезона. Примарна позиција му е лев бек, а многу лесно може да игра и по крило, но и како стопер.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Способноста да игра на повеќе позиции го привлече вниманието на многу клубови, а за сега „Граѓаните“ се тие кои покажуваат најголем интерес. Жуниор би можел да чини многу пари. Бетис за неговите услуги бара дури 60 милиони евра и сопствениците на Сити ќе мораат да го отворат кесето доколку сакаат да му исполнат уште една желба на Гвардиола.
Фирпо е роден во Доминиканската Република, но го носи дресот на селекцијата на Шпанија. Член е на Бетис од 2014. година.