Шпанецот на клупата на Манчестер Сити оваа сезона не успеа да освои ниту еден трофеј.
Ова е прва сезона за Гвардиола која ќе ја заврши без ниту еден трофеј, а за наредната најавува големи работи.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Како и секое лето, Сити е спремен да троши на нови засилувања, а според некои информации на англиските медиуми, овој тим е многу блиску до доведување на двајца фудбалери.Првиот е голманот на Лестер Каспер Шмајхел, како и десниот бек на Монако, Фабињо, иако и двајцата се блиску до договор тие би пристигнале на почетокот на преодниот рок.
Шмајхел скоро сигурно заминува. Интересот за неговите услуги е огромен, а се споменуваше и како потенцијално засилување за Манчестер Јунајтед. Интересно е што овој голман кариерата ја започна во Сити, но никогаш не доби вистинска шанса па одлучи да замине.
Од друга страна Фабињо е еден од најбараните дефанзивци во Европа. Одличните настапи во дресот на Монако не поминаа незабележани, па се најде на мета на бројни европски клубови.