Шпанскиот ветеран Пепе Реина (37) одново ќе го промени клубот.
Како што денес објавија италијанските медиуми поранешниот репрезентативец на „Фуријата“ има договор со Валенсија и е пред враќање во татковината после цели 15 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реина вториот дел од сезоната го помина на позајмица во Астон Вила и така значајно придонесе славниот клуб да го сочува статусот на премиерлигаш. Неговото враќање во Милано ќе биде само привремено бидејќи седумкратниот шампион на Европа нема ништо против да го пушти. Реина има уште една година од договорот со „росонерите“ меѓутоа клубот ќе му излезе во пресрет и ќе му дозволи без оштета да се пресели на „Местаља“.
Во Милан шпансиот голман дојде од Наполи пред две години како слободен агент.