Дома Македонски спорт Мак фудбал Пелистер реагира на судењето после натпреварот со Македонија Ѓорче Петров

Пелистер реагира на судењето после натпреварот со Македонија Ѓорче Петров

Битолскиот прволигаш Пелистер испрати реакција за судењето на вчерашниот натпревар од ПМФЛ против Македонија Ѓорче Петров.

Македонија Ѓорче Петров победи со 2:0, а двата гола од пенал ги постигна Сефер Емини.

„Ја известуваме јавноста дека ФК Пелистер е дирекно оштетен од главниот судија Марјан Стојановски кој во второто полувреме го промени својот став на судење и досуди два пенали од кои првиот непостоечки во 64 мин. Кој дирекно влијаеше на крајниот резултат што се гледа од видеото додека вториот во 92 мин. е сомнителен. Зошто го смени критериумот во вториот дел и ние се прашуваме?!!! Со својата пожртвуваност фудбалерите од Битола покажаа дека никој не може лесно да ги победи доколку нема некое делегирано судење како денешното. Не смее да се дозволи вакво судење на ФК Пелистер без разлика каде се наоѓа на табелата“, стои во реакцијата од битолскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ОФИЦИЈАЛНО: Салах потпиша нов договор со Ливерпул!

Мохамед Салах стави крај на сите шпекулации и потпиша нов договор со Ливерпул со важност д…