Реал Мадрид долго го посакуваше Азар и за неговиот потпис издвои 100 милиони евра, но Белгиецот до денес не ги оправда очекувањата на „Сантиаго Бернабеу“.
Најголема причина за тоа се повредите, поради кои Азар никако не може да има континуитет и да ја врати препознатливата форма.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Азар синоќа повторно се повреди против Алавес, што беше осма повреда во последните 16 месеци поминати во Мадрид. Тој одигра само 25% од можните минути сезонава, додека минатата сезона имаше 33,6% минутажа.
Така, за целото време во Реал Мадрид, Азар нема ниту една третина (31,8%) од можните минути на теренот. За споредба, за седум години во Челзи, фудбалерот имапе 12 повреди.
Оваа сезона Азар одигра три натпревари во Ла Лига и постигна еден гол.