Дома Луд Спорт Патникот во прва лига се одлучуваше со гол-разлика, па на два меча паднаа 187 гола

Патникот во прва лига се одлучуваше со гол-разлика, па на два меча паднаа 187 гола

Фудбалската федерација на Сиера Леоне  потврди дека ќе изврши истрага за натпреварите од нивната втора лига, кои завршија со неверојатни победи на домаќините од 95:0 и 91:1.

Калхунла Ренџерс со 95:0 го совлад Лубембу Јунајтед иако на полувремето било само 2:0, а Галф ФЦ победи со 91:1 над Кокима Лебанон иако на полувремето било 7:1.

Во официјалното соопштение на СФЛА се истакнува дека организацијата започнува истрага за „изведување на сторителите пред лицето на правдата и дека случајот ќе биде темелно истражен“.

Истовремено, интересно е што постигнатите резултати, најверојатно, немаат врска со спортско обложување.

Натпреварите почнаа во исто време, а Кахунла Ренџерс и Галф имаа ист број на поени во борбата за пласман во елитната дивизија. Патникот во повисок ранг требаше да го реши гол-разликата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Куче заспа на терен, судијата чекаше да се разбуди за да продолжи мечот🎥

Почетокот на второто полувреме на парагвајскиот прволигашки натпревар помеѓу Сол де Америк…