Дома Македонски спорт Пандев: Ова е начинот на кој треба да се игра против големите репрезентации

Пандев: Ова е начинот на кој треба да се игра против големите репрезентации

Капитенот на нашата репрезентација, Горан Пандев, истакна задоволство после ремито со силната Италија.

Како што е добро познато, Македонија вчера веројатно го направи најголемото изненадување во вчерашните натпревари со ремито 1:1 на гостински терен против селекцијата на Италија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Мислам дека одлично се браневме. Исто така максимално ги искористивме своите шанси од контра нападите. Тоа е начинот на кој морате да играте против големите екипи, во спротивно ќе примите три или четири погодоци и нема да имате шанси да се вратите во игра“, изјави Пандев кој потоа додаде:

„Имаме многу млади фудбалери кои и понатаму се развиваат и имаат реални можности да прераснат во големи фудбалери“, заврши капитенот на нашата репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Не издржа долго без фудбал: Гомез се враќа и ќе игра повторно во Италија!

По кратко време без фудбал, Алехандро “Папу” Гомез повторно ќе игра на професи…