Искусниот шпански напаѓач, Роберто Солдадо ги договори сите детали од трансферот во турскиот гигант Фенербахче, пренесуваат тамошните медиуми.
31-годишниот Солдадо ќе го напушти Виљареал и во наредните денови би требало да го комплетира трансферот во Фенербахче.
Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓
Договорот на Солдадо со Виљареал истекуваше во 2018 година, па поради тоа Фенербахче ќе плати само „симболична“ сума од 4 милиони евра.
Во текот на кариерата Солдадо настапуваше уште за Тотенхем, Валенсија, Гетафе, Осасуна и Реал Мадрид, па несомнено ќе биде големо засилување за турскиот тим.
Трансферот треба да биде комплетиран наредните денови, па се очекува Солдадо да дебитира во Скопје против Вардар во плеј-оф дуелот од Лига Европа.