Дома Топ вести Падна договор: Клоп добива засилување од 80 милиони!

Падна договор: Клоп добива засилување од 80 милиони!

Англиските медиуми попладнево лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Ливерпул постигнал договор со Лајпциг за трансфер на Наби Кеита.

Кеита беше најголема трансфер желба на тренерот Јирген Клоп, а според најеминетните медиумите на Островот „црвените“ ќе платат 75 милиони фунти (нешто повеќе од 80 милиони евра).


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Ливерпул од почетокот на преодниот рок се обидуваше да го доведе 22-годишниот играч за врска од Гвинеја, но германскиот клуб ги одбиваше сите понуди.

Сепак, на крајот Лајпциг попушти и ја прифати понудата од 75 милиони фунти, па Кеита ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на клубот од „Енфилд“.

Се очекува уште фудбалерот да ги помине рутинските медицински прегледи за трансферот да биде и официјално комплетиран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Ливерпул

Реал Мадрид покажува силен интерес за играчот за врска на Ливерпул, Рајан Гравенберх, прен…