Италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите помеѓу Интер и Бордо завршиле позитивно и дека „нероаѕурите“ се блиску до комплетирање на трансферот на Малком.
На состанокот присуствувал и самиот играч со неговиот агент, кој веќе има постигнато договор со Интер и инсистира да се пресели во Милано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Бордо ја прифатил понудата на „нероаѕурите“ за едногодишна позајмица од 5 милиони со задолижителен откуп следното лето за додатни 40 милиони евра.
21-годишниот крилен напаѓач блесна минатата сезона во дресот на Бордо каде постигна 12 гола и 7 асистенции.
Sorpresa #Malcom: l'#Inter già pronta al colpo, il #Bordeaux ha aperto al prestito https://t.co/Azs0X71VjQ pic.twitter.com/EeHUqdd4KW
— calciomercato.com (@cmdotcom) June 16, 2018