Дома Трансфер зона ПАДНА ДОГОВОР: Ван-Бисака на „Олд Трафорд“ за 50 милиони!

ПАДНА ДОГОВОР: Ван-Бисака на „Олд Трафорд“ за 50 милиони!

Манчестер Јунајтед и Кристал Палас конечно постигнаа договор за трансфер на десниот бек Арон Ван-Бисака.

„Црвените ѓаволи“ се согласија да платат 50 милиони фунти за неговиот потпис, па англискиот репрезентативец ќе стане најскапиот бек во историјата на фудбалот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ван-Бисака во наредните 24 часа треба да ги помине лекарските прегледи во Манчестер Јунајтед, а потоа ќе стави потпис на четиригодишен договор и ќе заработува 90.000 фунти неделно.

Двата клуба подолго време беа во преговори, па конечно си пуштија рака за трансфер вреден 50 милиони фунти. Според договорот Манчестер Јунајтед ќе плати 45 милиони веднаш, плус 5 милиони во име на бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…