Тоа што се најавуваше изминативе денови сега доби официјална потврда, Џошуа Зиркзе е нов играч на Манчестер Јунајтед.
22-годишниот Холанѓанец денес го комплетираше трансферот и стави потпис на договор со „црвените ѓаволи“ до 2029 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Привилегија е да се игра за овој легендарен клуб. Знам колку возбудлива ќе биде иднината тука и со нетрпение чекам да ја одиграм својата улога и да помогнам да се забележи успех. Јас сум играч кој секогаш го дава максимумот за победа, подготвен сум за новиот предизвик“, изјави Зиркзе.
Зиркзе играше за младите категории на Баерн Минхен, а кратко и за првиот тим, по што го носеше дресот на Парма и на Андерлехт. Минатата сезона блесна играјќи за Болоња, па Јунајтед плати 40 милиони евра за неговиот потпис.