Дома Трансфер зона Официјално: Џорџо Киелини има нов клуб!

Официјално: Џорџо Киелини има нов клуб!

Како и што се најавуваше во претходните неколку недели Џорџо Киелини доби нов клуб и во иднина ќе настапува во МЛС лигата во Лос Анџелес.

Легендата на Јувентус си заминува од „старата дама“ после цели 18 години во Торино. Иако имаше понуди сепак не се реши да игра за друг клуб во Европа и продолжува преку океанот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во редовите на Лос Анџелес ФК Киелини пристигнува како слободен играч, а сега ќе биде главна ѕвезда заедно со Карлос Вела кој подолго време ги брани боите на овој клуб.

За Јувентус Киелини настапува од 2004 година и со црно-белите освои девет титули во Серија А, пет во Копа Италија и двапати го освојуваше Суперкупот на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…