Дома Фудбал Италија Официјално: Јувентус казнет со 10 бода!

Официјално: Јувентус казнет со 10 бода!

Јувентус ја слушна долгоочекуваната пресуда, Федералниот апелационен суд на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) му изрече казна од 10 бода.

Казната од 10 бода важи за оваа сезона, па Јувентус најверојатно ќе остане без Лига на шампиони.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Обвинителот од Фудбалската федерација на Италија, Џузепе Чине побара казна од 11 бодови. Судот го прогласи Јувентус за виновен за вештачко надувување на трансфер сумите и му додели казна од 10 бода.

Јувентус падна на седмото место со 59 бода, па доколку вечерва го победи Емполи, следното коло ќе игра директен дуел со Милан за 4-то место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ромеро без милост кон управата на Тотенхем: Се појавуваат само кога оди добро

Тотенхем има уште една разочарувачка сезона и моментално се наоѓа на 14. место во Премиер …