Дома Фудбал Италија Официјално: Јувентус и Аталанта ќе играат пред навивачи

Официјално: Јувентус и Аталанта ќе играат пред навивачи

Раководството на италијанската Серија А одлучи финалето од Купот на Италија да се игра со присуство на навивачи.

Јувентус и Аталанта на 19. мај ќе играат на „Мапеи“ стадионот во Реџо Емилија каде што ќе одлучат кој оваа година ќе биде шампион во Купот на Италија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Управата на Серија А одлучи да дозволи присуство на навивачи од 20% од капацитетот на стадионот, па според тоа на трибините ќе има 4.000 навивачи. Двата тима ќе добијат по 2.000 влезници за своите навивачи, а секако дека ова е добар чекор кон враќањето на публиката на стадионите во Италија.

Ќе потсетиме Италија беше помеѓу најпогодените земји од коронавирусот и за целата земја ова сигурно ќе биде голема работа.

Финалето од купот се игра во среда од 21:00 часо, минатата сезона овој трофеј го освои екипата на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона го насочи својот интерес кон својот кошмар

Од Барселона го насочиле вниманието кон напаѓачот на Атлетико Мадрид, Александер Сорлот, т…