Дома Трансфер зона Официјално: Јувентус го откупи Даглас Коста

Официјално: Јувентус го откупи Даглас Коста

Италијанскиот шампион Јувентус денес потврди дека ја искористил опцијата во договорот и целосно ги откупи правата на Даглас Коста.

Бразилецот минатото лето пристигна во Јувентус на позајмица за 5 милиони евра, но „старата дама“ имаше можност да го откупи за додатни 40 милиони евра.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Бјанконерите“ беа задоволни од неговиот придонес и денес потврдија дека Даглас Коста е во нивна целосна сопственост.

Коста во претходната сезона одигра 47 натпревари за Јвуентус во сите натпреварувања, а притоа успеа да постигне шест гола и 14 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…