Рома ги откупи договорите на дефанзивецот Џанлука Манчини и играчот за врска Џордан Верето, потврди клубот на официјалната страна.
Двајцата играчи пристигнаа на „Олимпико“ под наем, а „волчицата“ ја искористи опцијата за откупување уште пред крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчини пристигна од Аталанта за 2 милиони евра, а Рома сега доплати уште 13 милиони евра, притоа се обврза да плати дополнителни 8 милиони евра како бонуси.
Вкупната сума која Рома ја плати за Верето е 16 милиони евра, плус треба да и плати на Фиорентина доплнителни 2 милиони евра како бонуси.
И двајцата фудбалери се во стартниот тим на Фонсека, Манчини има 31 настап оваа сезона, додека Верето запиша 33 настапи.