Дома Фудбал Официјално: Реал Мадрид одби да прави шпалир за Барса!

Официјално: Реал Мадрид одби да прави шпалир за Барса!

Реал Мадрид нема да ја испочитува традицијата и ќе одбие да направи шпалир за Барселона, ако Каталонците станат шампиони пред „Ел Класико“ кое на програмата е на 6-ти мај.

„Јас го донесов тоа решение и одлуката е конечна“, категорично потврди тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, а потоа објасни зошто донел таква одлука.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Барселона веќе ја наруши традицијата према нас, откако не ни ја укажа истата чест минатото лето во првиот натпревар од Суперкупот на Шпанија. Не сакаме повеќе да разговараме на таа тема“, јасно порача Зизу.

Зидан алудираше на натпреварот од 13-ти август на „Камп Ноу“, кој беше првиот меѓу двата клуба откако Реал ја освои Примера и Суперкупот на Европа.

На осум меча пред крајот Барселона има 9 бода предност пред Атлетико Мадрид и цели 13 бода пред Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…