Дома Трансфер зона Официјално: Реал Мадрид доведе еден од најталентираните голмани во Европа

Официјално: Реал Мадрид доведе еден од најталентираните голмани во Европа

Трансфер пазарот во Мадрид сега и официјално е отворен.

Како и што претходно се најавуваше, но голман на Реал Мадрид е младиот Украинец, Андреј Лунин.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Овој 19 годишен голман доаѓа во Мадрид од редовите на украинската Зорја и дефинтивно претставува влог за иднината.

Лунин е еден од најпреспективните голмани во Европа, успеа да запиша и два настапи во репрезентацијата на Украина, бранеше на повеќе од 50 натпревари во украинскиот шампионат, а во Реал потсетуваат на неговиот одличен настап на „Сан Мамеш“ во натпреварот помеѓу Зорја и Атлетик Билбао која му донесе место во тимот на неделата на УЕФА.

Младиот голман со Реал потпиша договор на шест години, а „кралевите“ за неговите услуги платија 14 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…