Дејан Радоњик од денес и официјално е нов тренер на грчки Панатинаикос.
Поранешниот тренер на Црвена Звезда потпиша договор со Панатинаикос и ја даде првата изјава во улога на шеф на стручниот штаб на „зелените“ од Атина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Многу сум среќен и возбуден што станав дел од ова големо семејство. Панатинаикос е еден од најзначајните клубови во Европа. Би сакал да им се заблагодарам на луѓето во клубот на укажаната доверба. Тоа ми значи, не чека голема работа и убеден сум дека можеме да оствариме големи резултати“ изјави Радоњик во своето о браќање.
Радоњик од Црвена Звезда се прости со освојување на „триплета“ во минатата сезона.
Η ΚΑΕ Παναθηναϊκός ΟΠΑΠ ανακοινώνει την έναρξη της συνεργασίας της με τον Ντέγιαν Ράντονιτς για τα δύο επόμενα χρόνια.
— Panathinaikos BC (@paobcgr) June 30, 2022
Welcome Coach ☘
Διάβασε περισσότερα εδώ: https://t.co/Lb5XWuu4OE#paobc #panathinaikosbcopap pic.twitter.com/ztgYEJWWpM