Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, официјално стана сопственик на фудбалски клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Преку неговиот холдинг „Космос“, Пике ги стекна правата на ФК Андора, кој игра во првенството Примера Каталана, петтото ниво на шпанскиот фудбал.
Првата и најважна задача на Пике е да ги врати долговите на клубот од 200.000 евра, како што вети.
Претходно Космос на Пике ја превзема контролата над Дејвис купот и го трансформираше ова тениско натпреварување, а купувањето на Андора е доказ дека стоперот на Барса има долгорочни планови, па сериозна реализација ќе започне оној момент кога ќе ја прекине својата професионална кариера.
ФК Андора помеѓу 1980. и 1998. година играше во третата лига на шпанскиот фудбал, а во 1991 биле во 4-то коло од Купот на кралот, што воедно е и најголем успех на овој клуб.