Дома Топ вести Официјално: Палмер за 50 милиони фунти од Сити во Челзи

Официјално: Палмер за 50 милиони фунти од Сити во Челзи

Taлентираниот 21-годишен фудбалер Кол Палмер од Манчестер Сити премина во Челзи за сума од 50 милиони фунти.

Финансиските детали од договорот не се објавени, но англиските медиуми објавија дека Челзи платил 50 милиони фунти, додека дополнителни 2.5 милиони можат да бидат исплатени преку бонуси.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Палмер во Манчестер Сити беше соочен со голема конкуренција на својата позиција, но по заминувањето на Марез доби прилика на почетокот на оваа сезона. Беше стрелец и против Арсенал во Комјунити Шилд.

„Дојдов во Челзи затоа што ми се допаѓа овој проект и затоа што се надевам дека ќе добијам прилика за покажување на својот талент. Ова е млада и гладна екипа и се надевам дека ќе направиме нешто посебно“, изјави младиот англиски репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…