Долго се шпекулираше, сега е официјално – Олимписките игри во Јапонија ќе се играат пред празни трибини.
Причина за ваквата одлука е се поголемиот број заразени со коронавирусот, а веста ја потврди градоначалничката на Токио, Јурико Коике.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Првичната одлука беше да не присуствуваат навивачи и публика од странски земји, а сега забраната важи и за домашните љубители на спортот.
Олимписките игри започнуваат на 23 јули и завршуваат на 8 август, а Владата на Јапонија прогласи вонредна состојба поради зголемениот број на случаи од коронавирус.