Дома Фудбал Останато Официјално од ПСЖ: Нејмар има скршеница, го пропушта Реал!

Официјално од ПСЖ: Нејмар има скршеница, го пропушта Реал!

Најскапиот фудбалер во светот, Нејмар има фрактура на петтата метатарзална коска на стапалото и дисторзија на глуждот, потврди денес официјално неговиот клуб.

Нејмар во натпреварот против Марсеј на носила го напушти „Паркот на принцовите“, а иако првите проценки беа дека повредата не е од сериозен карактер, клубот потврди дека тој претрпел истегнување на десниот зглоб, како и скршеница на метатарзалната коска во стапалото.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Засега не се знае колкав период Нејмар ќе биде надвор од фудбалските терени, но според тежината на повредата, со сигурност ќе отсустува најмналку два месеци.

Од ПСЖ исто така соопштија дека Маркињос има кинење на левиот бутен мускул, но се очекува дефанзивецот да биде подготвен за дуелот со Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најавен е еден од најголемите трансфери некогаш: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Барселона!

Шпанскиот новинар Сиро Лопез вечерва соопшти дека Реал Мадрид во летото 2027 година ќе трг…