Францускиот репрезентативец голман, Уго Лорис денес стави птпис на нов договор со Тотенхем и се обврза на верност до 2022 година.
По Вертонген, Роуз, Дајер, Ериксен, Деле Али и Кејн, денес својот потпис на новиот договор со лондонскиот клуб го стави и Уго Лорис, со што се потврди добрата политика на клубот од северен Лондон.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Горди сме што можеме да објавиме дека Уго Лорис потпиша нов договор со нашиот клуб и ќе остане дел од Тотенхем до јули 2022 година. Ова е нашиот Божиќен подарок за навивачите“, порачаа челниците на лондонскиот клуб.
Лорис пристигна на „Вајт Харт Лејн“ пред четири години за 15 милиони евра и веднаш се наметна како лидер на тимот и до сега за Тотенхем има одиграно 173 натпревари.