Дома Фудбал Италија ОФИЦИЈАЛНО: Карло Анчелоти нов тренер на Наполи!

ОФИЦИЈАЛНО: Карло Анчелоти нов тренер на Наполи!

ancelotti

Сега и официјално – Карло Анчелоти нов тренер на Наполи!

Еден час после објавата дека Маурицио Сари е сменет, следуваше бомбастична објава на сајтот на Наполи.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Она што се најавуваше во претходните денови, сега и формално беше потврдено. Анчелоти потпиша договор на три години со плата од 6.5 милиони евра по сезона.

Анчелоти се враќа во Италија после девет години како тренерска ѕвезда, во овој момент веројатно Италијаните немаа поголемо тренерско име од него. Пред Наполи Анчелоти во Италија беше тренер на Реџана, Парма, Јувентус и Милан каде што ги забележа најголемите успеси во кариерата и освои две титули шампион на Европа.

Подоцна го водеше Челзи во Премиер лигата, во Франција го водеше Пари Сен Жермен, со Реал исто така ја освои Лигата на шампионите, додека во Баерн стигна до титулата во германското првенство.

Сега дојде во жешкиот Неапол со една цел – да го донесе Скудетото во овој град!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…