Дома Топ вести Официјално: Жоао Феликс во Атлетико Мадрид за 126 милиони!

Официјално: Жоао Феликс во Атлетико Мадрид за 126 милиони!

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби и официјална потврда – португалската сензација Жоао Феликс се сели во Атлетико Мадрид.

Бенфика вечерва официјално потврди дека Атлетико Мадрид ја активирал откупната клаузула од 126 милиони евра.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


18-годишниот Португалец веќе има договор со „јорганџиите“, па се очекува следните денови да пристигне во Мадрид и официјално да биде промовиран во нов грач на Атлетико.

Атлетико ја победи големата конкуренција за младиот Португалец, кој во Мадрид ќе заработува 6 милиони евра по сезона.

Ова ќе биде најскап трансфер во историјата на Атлетико, но и на мадридскиот фудбал воопшто, бидејќи најскапиот трансфер на Реал изнесува 110 милиони евра.

Жоао Феликс одигра феноменална сезона во Бенфика во која постигна 20 гола и запиша 11 асистенции, па се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа, а во Атлетико пристигнува како замена за Гризман, кој најави заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Проблеми во Париз: Дембеле исфрлен од тимот на ПСЖ?!

Според последните информации кои пристигнуваат од Франција, Усман Дембеле бил отстранет од…