Диего Годин денес во Мадрид одржа емотивна прес-конференција на која и официјално се прости од Атлетико Мадрид.
Легендарниот капитен за Атлетико одигра 387 натпревари, а преостанатите две во првенството ќе му бидат последни во клубот во кој игра од 2010 година кога дојде од Виљареал за само осум милиони евра. Годин претходно постигна договор со Интер каде што ќе се пресели на крајот од сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ви благодарам на сите. Заминувам од Атлетико, ова се моите последни денови тука. Тешко ми е …“, започна година по што застана и пушти солзи.
Diego Godin started crying, then announced: "I'm going to leave Atlético Madrid, these are my last days here. Thanks to everyone, it has been my family". He's going to join Inter Milan on next days. ?⚪️ ?? #Atleti #Inter #transfers pic.twitter.com/S2aYtGR9Z5
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 7, 2019
„Атлетико за мене не е клуб, туку семејство и начин на живот. Искрено, никогаш не размислував за овој момент и тешко ми е да зборувам. Тука пораснав и во играчка и во човечка смисла, многу ми значи овој клуб и луѓето во него. Но, време е за разделба“, изјави 33 годишниот Уругваец.
Годин не го продолжил договорот со Атлетико бидејќи не можел да се договори околу условите и ја прифатил понудата од Интер.
„Имав понудата минатото лето од Манчестер Јунајтед, но ја одбив бидејќи сакав да останам. Не жалам поради тоа. Заврши едно големо поглавје во мојата кариера и сега започнува ново. Горди сум на секоја минута одиграна за овој клуб“, додаде Годин.