Манчестер Сити потврди дека нивниот најдобар фудбалер, Кевин де Брујн ставил потпис на нов договор.
Белгиецот се обврза на верност со „граѓаните“ до 2025 година, а со новиот договор ќе добие и значително зголемување на платата.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Не можам да бидам посреќен. Откако дојдов во Сити во 2015 година се чувствувам како дома. Ги сакам фановите, мојата фамилија се прилагоди тука во Манчестер и мојата игра се разви навистина многу добро. Го играм најдобриот фудбал во мојата кариера и искрено чувствувам дека имам уште што да покажам“, изјави Де Брујн.
⚠️ DEFENDERS BEWARE ⚠️
— Manchester City (@ManCity) April 7, 2021
We're thrilled to announce @DeBruyneKev has signed a contract extension until 2025! ⚡️
Tap to read the full story ⬇️
🔷 #ManCity | https://t.co/axa0klD5re