Дома Фудбал Репрезентации Официјално: Бразил домаќин на Мундијалот за жени во 2027 година

Официјално: Бразил домаќин на Мундијалот за жени во 2027 година

На 74. Конгрес на Светската фудбалска организација, ФИФА беше донесена одлука Светското првенство за жени во 2027 година да се одржи во Бразил.

Изборот на домаќин на Светското првенство за жени беше најважната точка на дневниот ред на Конгресот на ФИФА што се одржа во Бангкок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Земјите членки на ФИФА одлучија домаќинот да му го доделат на Бразил, кој со 119 гласа победи пред кандидатурата на Белгија, Германија и Холандија кои добија поддршка од 78 земји. Десеттото издание на женското светско првенство за првпат ќе се одржи во Јужна Америка, а титулата светски првак ќе ја брани репрезентацијата на Шпанија.

Конгресот го усвои и годишниот извештај за 2023 година, предлог-буџетот за 2025 година и измените на Статутот на ФИФА.

“ФИФА го финансира фудбалот ширум светот. Приходите што ги генерираме не одат за одреден број клубови, туку одат во сите 211 земји членки. Нашата мисија е да го развиваме фудбалот ширум светот, бидејќи 70 отсто од земјите членки не би имале доволен приход без придонес на ФИФА“, истакна претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…