Дома Фудбал Ново правило на Светското клупско првенство – голманите под притисок (Видео)

Ново правило на Светското клупско првенство – голманите под притисок (Видео)

На Светското клупско првенство, кое се одржува во организација на ФИФА, се тестира уште едно ново фудбалско правило кое би можело да внесе значителни промени во играта. Се работи за регулатива насочена кон спречување на одолговлекување од страна на голманите – нешто што со години е предмет на критики од навивачите и стручната јавност.

Новото правило предвидува дека голманот мора да ја исфрли топката во рок од осум секунди откако ќе ја преземе под своја контрола. Доколку го пречекори дозволеното време, судијата има право да досуди корнер за противничкиот тим – драстична мерка со цел да се зголеми динамиката на натпреварите и да се намали тактичкото трошење време.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Ова правило веќе стапи на сила и беше применето на натпреварот меѓу Улсан и Мамелоди. Главниот судија интервенираше откако голманот не ја пушти топката во игра во предвидениот рок, по што на противничкиот тим му беше доделен корнер.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го засили голманското место со младинскиот репрезентативец на Италија

Освојувачот на Лигата на Шампионите, Пари Сен Жермен, го објави ангажманот преку слободен …