Дома Топ вести Официјално: Барса го потврди трансферот на Артур и ја откри сумата

Официјално: Барса го потврди трансферот на Артур и ја откри сумата

Барселона денес преку официјално соопштение ја потврди продажбата на Артур во Јувентус.

Каталонскиот клуб во официјалното соопштение ја откри и сумата на трансферот, кој ќе „тежи“ 72 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси.

Секако, 60 милиони евра од оваа сума ќе бидат компензирани со потписот на Пјаниќ, чиј трансфер се очекува во секој момент да биде потврден.

Артур викендов ги мина лекарските прегледи и стави потпис на договорот со Јувентус, но се врати во Барселона за да ја доигра сезоната.

Важно за двата клуба беше продажбите да бидат комплетирани до 30- јуни за да може да се сметаат во финансискиот извештај за оваа сезона.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Се редат познати имиња кои се поврзуваат со Беневенто

Беневенто од следната сезона повторно ќе игра во Серија А откако на убедлив начин обезбеди…